Автобус кој превезувал патници и автомобил учествуваа во сообраќајка во Битола, повредени 20 лица

пред 2 години

Дваесет лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи вчера на улицата Воден, во близина на бензинска пумпа во Битола, кај „Краварски пат“.

Во несреќата учествувале автомобил „ауди А7“ и автобус со ресенски регистарски ознаки, при што удриле во паркирано влечно возило.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.Б., а со телесни повреди возачот Б.Б. и патниците во автобусот Љ.Д.(25), Г.С.(48) и Ф.Ѓ.(31), тројцата од с.Јанковец, ресенско, Ј.Н.(42) од с.Златари, ресенско, С.Ј.(50) и С.Ј.(50) од с.Лева Река, ресенско, Ф.З.(52), И.М.(40), А.К.(28), М.Н.(47), Б.Г.(28) и В.П.(66), Н.Ѓ.(60), Ж.Ц.(51), Љ.А.(60), И.Р.(57), В.П.(42) и А.Б.(37), сите од Ресен, како и Ф.Т.(25) и Е.Т.(50), двајцата од с.Избишта, ресенско, констатирани во Клиничката болница Битола“, соопшти МВР.

Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.

Share
Scroll to Top