Американската амбасадорка во земјата, Кејт Брнз разговарала со лидерите на Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши.
На својот профил на социјалните мрежи, Брнз објави дека средбата била со цел да ја истакне потребата да бидат конструктивна и ангажирана опозиција.
Таа им порачала дека треба да соработуваат со останатите, со цел да ги надминат предизвиците со кои се соочува земјата во моментот.
Коалицијата на Алијанса на Албанците и Алтернатива претходно објави дека останува на ставот дека пописот не треба да се одложи. Во меѓувреме, во Собранието со 95 гласа „за“ и со 7 „против“ на пратениците од коалицијата Алијанса за Албанците- Алтернатива , Собранието го усвои, предлогот да се расправа за измена на Законот за пописот со кој оваа статистичка операција ќе одложи за месец септември.