Апасиев: Новото мнозинство има 61 пратеник, со тенденција да стигне до 64

пред 5 години

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев потврди дека е формирано ново парламентарно мнозинство.

Лидерот на Левица, на излегување од Собранието изјави дека новото мнозинство има 61 пратеник, со тенденција, како што рече, да стигне до 64.

„Да. Имаме ново мнозинство од вечерва. Го сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ, Алтернатива, Алијанса, Левица и Беса“, потврди Апасиев.

Коментар за новите политички случувања тој даде и на социјалните мрежи.

„Со еден политички потег, ги кутнавме оние кои ни ги избркаа родителите од фабриките и кои Македонија ја претворија во башибозук!“, се наведува во неговата последна објава на „Фејсбук“.

Share
Scroll to Top