Апел за помош за ракометарот Тони Шопов, потребни се 20.000 евра за лекување во Турција

пред 4 години

Ракометарот Тони Шопов, велешката ракометна легенда по многуте изиграни натпревари во неговата карирера, како во нашата земја така и во странство, последниве 3 години го игра најважниот натпревар за него. Тони боледува од Descendenten colon (Adenocarcinoma colonis). Првата операција ја имаше во 2017 година на дел од дебелото црево пропратена со Илеус. По операцијата следеа осум циклуси на хемотерапија. Во 2019 година во втората операција Ретропиротонеална лимфаденектомија му беше отстранет левиот уретер и бубрег. По оперативниот зафат повторно беа потребни циклуси на хемотерапија. По 3 месеци за понатамошно лекување е препратен во Турција на радиотерапија со специјални SBRT зраци кое досега беше успешно, но дојдено е до рецидив на болеста поради што лекувањето мора да продолжи во Турција со 12 циклуси на хемотерапија во комбинација со SBRT зраци. За жал ваква терапија не е достапна во нашата држава. За досегашното лекување, оперативно и постоперативно, потрошени се 35.000€. Итно е потребно да продолжи лекувањето во Турција кое чини 20.000€. Семејството не е во можност да ги покрие трошоците и бара помош. ЛИНК за донации.

Share
Scroll to Top