Бектеши: Договорот за соработка во туризмот со Косово ќе придонесе во развојот на односите во областа на туризмот меѓу нашите две земји

пред 2 години

Во Собранието денеска e ратификуван Договорот за соработка во туризмот меѓу владите на Македонија и Косово, потпишан во Скопје, на 16 септември 2021 година.

Министерот за економија, Крешник Бектеши преку својот фејсбук профил соопшти дека овој Договор ќе придонесе во развојот на односите во областа на туризмот меѓу двете земји.

„ Нашите земји ќе ги преземат сите неопходни мерки за промовирање и поттикнување на развојот на туристичките односи, за олеснување на туризмот со поддршка на туристичките агенции и други структури и организации кои работат во областа на туризмот. Исто така, ќе се создадат поволни услови за инвестиции во областа на туризмот, како и можности за размена на искуства во областа на стручно оспособување на кадри од туристичката индустрија од други земји.

Со ратификацијата на Договорот за соработка во туризмот ќе се поттикне и реализацијата на целите на двете земји, а воедно ќе се поддржуваат и во регионалните туристички интеграции“ напиша Бектеши.

Овој договор ќе важи за период од пет години.

Share
Scroll to Top