Бибер: Францускиот предлог е катастрофа

пред 2 години

Францускиот предлог за одблокирање на бугарското вето е катастрофа за проширувањето, смета експертот за Балакнот, Флоријан Бибер.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Бибер на Твитер објави дека иако изгледа добро да се стави крај на бугарското вето, тоа постигнува малку и носи големи опасности:

„ 1. го вклучува билатералниот спор во преговарачкиот процес на ЕУ, давајќи им легитимитет и охрабрување на идните членки на ЕУ кои ги блокираат земјите членки,
2. значително се приближува до бугарските барања отколку позицијата на Македонците, па затоа е неурамнотежена.
3. во суштина ја прифаќа националистичката логика на бугарската влада и сугерира дека постои прашање за дискриминација на Бугарите во Северна Македонија.
4. игнорира дека проблемот е (делумно) создаден од ЕУ. 10.000 македонски граѓани добија бугарски пасоши бидејќи се ЕУ пасоши, не затоа што се бугарски. Граѓаните и нивните барања да бидат граѓани на ЕУ (да работат) се злоупотребени од Бугарија за да тврди дека се „етнички“ Бугари.
5. Ги билатеризира и дискредитира механизмите за вистинските малцински права.
6. Нема да има доволно поддршка во Северна Македонија и нератификувањето на договорот ќе се толкува како неуспех во Северна Македонија, а не како неуспех на бугарските националистички барања.

Наместо лесен излез, францускиот предлог дополнително ќе го наруши угледот на ЕУ и ќе го закопа процесот на проширување“,
напиша Бибер.

Share
Scroll to Top