Билбиловска: Нема да се гради никаков објект на фудбалското игралиште во дворот на ООУ „Киро Глигоров“

пред 2 години

Изминатите неколку дена фудбалското игралиште во ООУ „Киро Глигоров“ е актуелно во јавноста за договорот за отстапување на користење на приватна компанија.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Директорката на училиштето, Билјана Билбиловска во изјава за „Мафакс“ вели дека не се вистина тврдењата дека на игралиштето ќе се гради кафе бар или некаков друг придружен објект.

„ Никакви други дополнителни дејности како кафе бар не се во договорот ниту пак некогаш биле предмет на дискусија. Во нашата работа, интересот на децата ни е секогаш на прво место. Оттука, сметам дека навистина е неблагодарно да се доведуваат во заблуда родителите за изградба на некаков објект во училишниот двор, уште повеќе тој објект да биде кафе бар, ресторан“ вели Билбиловска.

Таа нагласи дека училишниот двор останува отворен 24 часа секој ден.

„ Игралиштето за време на наставата ќе го користат исклучиво учениците и наставниот кадар за часовите по Физичко образование и воннаставните активности. Од 15:00 до 18:00 часот ќе биде на слободно користење за сите деца, ученици на училиштето, сами или во придружба на нивните родители во зависност од нивната возраст. После 18 часот ќе се издаваат три термини на корисникот ФОРЦА СПОРТ ДД ДОЕЛ Скопје. После 21 часот фудбалското игралиште ќе биде затворено се до почеток на наставата во 8:00 часот“ рече Билбиловска за „Макфакс“.

Таа објасни дека договорот за користење на фудбалското игралиште предвидува давање простор на користење – отворено бетонско игралиште за фудбал, кое ќе се користи за реализирање на спортски активности за време од 5 години со вложување односно инвестирање над 10 000 евра кое ќе биде реализирано во првите две години по план за инвестирање кој се состои од набавка и поставување на метална ограда, вештачка трева, заштитна мрежа, мрежа за головите, голови, набавка на потрошна инвестиција, сите претходно наведени на терет на корисникот.

„ Целокупната постапка е спроведена на начин што се испочитувани сите важечки закони и подзаконски акти кои важеле во моментот на склучување на договорот и за чие склучување се потребни претходно обезбедени согласности во 2021 година“ објасни таа.

Директорката на училиштето потенцира дека училиштето останува отворено за комуникација со сите родители и деца кои посетуваат настава тука. Додаде дека за таа цел, во договор со родителите, ќе работат на допрецизирање на постоечкиот договор, имајќи предвид тој да биде во интерес пред сѐ на децата.

Share
Scroll to Top