Битолчанец под закана со нож од продавница украл 80.000 денари

пред 3 години

Битолското основно јавно обвинителство поведе постапка против 21-годишен жител на Битола, поради сомнение дека сторил кривичното дело – разбојништво.

Осомничениот на 11 месецов, околу 23:50 часот влегол во продавница лоцирана на битолската улица „Партизанска“.

Тој бил маскиран со црна безбол капа, ракавици и заштитна маска во црна боја, се приближил до касата, од џебот извадил нож и започнал да замавнува со него, заканувајќи се по животот на вработената.

Потоа ја отворил касата и одзел 79.200 денари.

На осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.

 

Share
Scroll to Top