Бугарија и предложила на Македонија акционен план за спроведување на Договорот

пред 3 години

Вицепремиерот Екатерина Захариева го прими специјалниот пратеник на Владата на Република Северна Македонија (РСМ) Владо Бучковски, кој е во работна посета на Бугарија, пренесува БГНЕС повикувајќи се на информации од Министерството за надворешни работи на Бугарија.

За време на состанокот биле разменети идеи за продолжување на процесот за враќање на довербата меѓу двете земји. Република Бугарија предложила акционен план за соработка со Република Северна Македонија во спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, се вели во информацијата којашто ја објави БГНЕС.

Share
Scroll to Top