„Веднаш ќе ви дадам клуч од станот ако ми дадете 2.700 евра“ – фатен измамник од Тетово

пред 2 години

Тетовската полиција поднесе кривична пријава против В.А.(36) од тетовско село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„На 07.06.2020, пријавениот преку апликација на мобилен телефон се слушнал со оштетената, претставувајќи се како претставник на хуманитарно здружение, при што ѝ понудил да земе стан во Скопје. По ова, оштетената заедно со нејзиниот брат отишле во Скопје и се сретнале со пријавениот и со уште едно лице. Притоа, пријавениот ветил дека веднаш ќе им даде клуч од станот доколку му дадат 2700 евра. Откако ги зел парите ја прекинал комуникацијата со оштетената“, информираа од МВР.

Share
Scroll to Top