Велосипедистка тешко повредена по судир со возач на електричен тротинет

пред 5 години

Во пладневните часови на 27 април на улицата „11 Октомври“ во Скопје се случил судир помеѓу тротинет, управуван од Г.С. (36) и велосипед, управуван од 48-годишната Б.Н.

Во незгодата, велосипедистката се здобила со тешки повреди, констатирани во градската општата болница „Св. Наум Охридски“.

На местото на незгодата увид извршила екипа од скопската полиција.

Share
Scroll to Top