Велосипедист прегазил пешак и побегнал

пред 3 години

Велосипедист удрил во 64-годишен пешак од Кичево, по што побегнал од местото.

Како што информираат од полицијата, настанот се случил вчера напладне на улицата Маршал Тито во Кичево.

На пешакот му е укажана лекарска помош во Медицински центар Кичево каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Од МВР велат дека се работи на расчистување на случајот.

Share
Scroll to Top