Ветровито време со врнежи од дожд во попладневните часови

пред 4 години

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Попладне под влијание на влажен бран во западните делови ќе има врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се интензивираат и ќе се прошират во останатите подрачја. Пообилни врнежи ќе има во северозападните делови, а во текот на денот ќе дува умерен до засилен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи во интервал од 4 до 11, а дневната од 18 до 25 Целзиусови степени.

Во Скопје, сончево со умерена облачност. Во вечерните и ноќните часови ќе има врнежи од дожд. Преку денот ќе дува умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 9, а дневната ќе достигне до 23 степени.

Утре времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, особено претпладне. На места врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи.

Потоа следува период на претежно стабилно време со ниски утрински температури.

Share
Scroll to Top