(Видео) Васев: Мицкоски е на браникот на криминалот, работи на штета на интересите на граѓаните и државата

пред 3 години

Секојдневно се потврдуваат лажните вести на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Единственото нешто за што ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се познати, дома и во светот, се пласирањето на лажни вести, блокирање, поткопување на борбата со коронакризата и опструирање на фунцкионалноста на институциите, изјави Стефан Васев од СДСМ.

„ Меѓународни студии потврдија дека Мицкоски и неговата партија се извор на лажни вести и невистини. ВМРО-ДПМНЕ осмислуваше лажни хистерии за тоа дека масовно ќе се населуваат мигранти, шират несвистини за ковид пандемијата, од тоа дека немало доволно тестови па се до тоа дека нема доволна опрема и здраствени работиници.

Ширеа и шират лажни вести и за тоа дека се распродава македонскиот идентитет и дека земјата се распарчува. Ова почитувани граѓани е срмно и неодговорно однесување кон сопствениот народ. Мицкоски јавно призна дека „останува единствен на браникот на криминалот“.

Мицкоски е веќе разболичен, во ВМРО-ДПМНЕ остануваат само лагите, лажните вести и делувањето против интересите на граѓаните. Ниту македонскиот идентитет е распродаден, ниту земјава е распрачена. Граѓаните одамна го увидоа лицемерието на Мицкоски и затоа губи и не му ја даваат довербата.

Со ваквото неодговорно однесување, штетно по државата и граѓаните, Мицоски и ВМРО-ДПМНЕ остануваат во опозиција и уште многу долго таму ќе останат“ рече Васев.

Share
Scroll to Top