(Видео) Дрвошанов од Струмица: Нема да дозволиме да се избришат нашите корени

пред 3 години

Од срцето на Македонија испраќаме силна порака. Решивме да застанеме на патот на предавството, нема да дозволиме да го скршат македонскиот народ, да го избришат македонскиот јазик, да го избришат македонскиот идентитет, порача Жан Дрвошанов од протестот во Струмица.

„Ни забележуваат за протестите и нè обвинуваат дека ние сме виновни за пандемијата која е излезена од контрола на власта и, за жал, зема сè поголем замав. Меѓутоа, и покрај сè, и покрај сите притисоци што ги врз нас, врз граѓаните, се зголемува бројот на луѓето што се охрабрени да излезат на протест и да кажат НЕ на бришењето на сè што е македонско.

Нема да го дозволиме тоа, нема да дозволиме да се избришат нашите корени, затоа ги повикувам сите, сите граѓани, да бидиме сплотени во овој момент, да бидиме единствени и да си ја зачуваме Македонија.

Помина времето на страв, отвораме нова страница на отпор на македонскиот народ.

Протест сега за да не биде предоцна. Оставка на Заев, слобода на народот“ додаде тој.

Share
Scroll to Top