(Видео) Имаме напредок, рече Гаши по средбата со Заев

пред 2 години

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев и претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, по четири часа средба, заедно го напуштија Клубот на пратеници. Тие не сакаа да коментираат каде се закочени преговорите за проширување на парламентарното мнозинство и дали ќе има нова средба. Заев му отстапи на Гаши, да каже, како што рече, една реченица

„Можеме да ви кажеме дека имаме напредок, следуваат консултации од нашите партии. Ќе има известување од партиите, од Влада“, рече Гаши.

Детали за средбата најавија дека ќе испратат од Владата. На денешната средба требаше да се разгледуваат кадровските решенија и распределбата на ресори. Веќе се шпекулира дека Алтернатива бара две министерски места и две вицепремиерски места. За директорските, нема информации. Неофицијално, Гаши сака негов кадар да раководи и со Министерството за здравство.

Share
Scroll to Top