Дилер фатен со марихуана во близина на основно училиште во Скопје

пред 3 години

Скопското основното јавно обвинителство ќе спроведе истрага против 41-годишен скопјанец за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

На 14 декември во попладневните часови, во близина на основно училиште во Шуто Оризари, осомничениот неовластено заради продажба држел 91,05 грама марихуана.

Дрогата, спакувана во бела најлонска кеса, му била пронајдена и одземена при личен преглед.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување притвор за осомничениот.​

Share
Scroll to Top