Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски заедно со министерот за финансии Фатмир Бесими на маргините на Економскиот форум Делфи во Грција, остварија средба со поранешниот британски премиер Тони Блер.
На средбата се разговараше за актуелната состојба во светот и предизвиците со кои се соочуваат државите како резултат на воената агресија на Русија врз Украина, енергетската криза и мерките кои се преземаат за стабилност во снабдување со енергенси и спречување на ценовните шокови.
Во таа насока беа презентирани и можностите на Институт за глобални промени со кој раководи Блер, во насока на поддршка за технолошки развој на земјите кои имаат амбиции да бидат конкурентни за да бидат во чекор со технолошките напредните земји како начин за совладување на актуелните предизвици.
Ковачевски и Блер дискутираа и за важноста од економскиот развој на земјите од Западен Балкан, како и за иницијативата „Отворен Балкан“ која е од голема важност за напредокот на земјите иницијатори. Беше заклучено дека забрзана дигитализација и технолошки напредок се многу важни за остварување на целите на иницијативата.
Претседателот на Владата Ковачевски и поранешниот британски премиер Блер изразија задоволство од одличните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство за кои изразија уверување дека имаат потенцијал да бидат продлабочени.