Со надминување на коронакризата, македонската економија денес е стабилна, развојна и се движи во добар правец, порача денеска портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
„Имаме историска стапка на невработеност од 16 отсто, а просечната плата за април 2021 година е за 10 отсто поголема во однос на истиот месец од 2020 година“, нагласи таа.
Портпаролката посочи податоци од Државниот завод за статистика, според кои, во првите пет месеци од годинава, забележан е раст на извозот од 58,2 отсто во однос на истиот период лани.
„Сето ова се показатели кои говорат за успешноста на економските мерки на Владата предводена од СДСМ. Како одговорна партија, постојано сме посветени на мерки и политики кои го унапредуваат животниот стандард на граѓаните и придонесуваат за засилен економски развој“, истакна Кузеска.