Имаме информации кои создаваат сериозен сомнеж дека МВР, Спасовски и Ковачевски прикриваат убиство. Три пати во тек на едно деноноќие властите менуваат изјави, и официјални известувања, изјави на денешната прес-конференција Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој наведе дека карил дава официјална изјава, дека станува збор за природна смрт на ракометарот Тот, за по реакциите на јавноста и зголеменото медиумско влијание да каже дека станува збор за смрт причинета од тепање. Ист е односот и од МВР и од Јавно обвинителство. Се менуваа изјави и гледишта.
Денеска јавниот обвинител Бубевски потврдува дека сепак станува збор за убиство, причинето со претепување.
Лефков додава дека со тоа што не се оградија ниту извинија за прикривање на јасно убиство нив ги прави првоповикани.
Според сознанијата во најблиското опкружување имало полиција која не регистрирала убиство, туку природна смрт на млад човек.
Лефков истакна дека одговорноста на МВР и Спасовски е уште поголема, бидејќи негови екипи биле директно присутни на терен.
Наместо да спречи, или во најмала рака веднаш да го расчисти случајот, МВР на Спасовски пуштила да избега убиецот.
Спасовски ја прикрива вистината за убиството, ако не излезе до крајот на денот и да ја каже вистината, јасно е дека крие.
Бараме одговори и одговорност, изјави Лефков.