(Видео) Митева: Македонија не напредува на патот кон ЕУ зашто има голема корупција и недостаток на реформи

пред 3 години

Во вчерашната објава на агенцијата „Ројтерс“ ноторно е дека Европската Унија не се согласува со гаранции за членство на земјите од Балканот во Унијата, повикувајќи се на интерен документ, посочи на денешната прес-конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

Според неа, зад заклучоците кои ги пренесе британската новинска агенција има две работи кои се факти.

„Прво, можниот отпор за проширување од некои членки на Унијата е затоа што РМ во изминативе години не напредува. И второ, Македонија не напредува затоа што со оваа Влада тоа е невозможно“, заклучи Митева.

Таа нагласи дека владата на СДСМ со години манипулира со граѓаните по однос на прашањето за евроинтеграцијата и како што кажа, сме добиле дури четири датуми.

„Од друга страна, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, само неколку часа по објавувањето на отрезнувачкиот текст на ‘Ројтерс’, рече дека ЕУ станала многу тешка за менаџирање и дека евентуалното проширување со уште пет или шест земји би создало дополнителен хаос во европското семејство. Ништо подобра не беше ниту реакцијата на министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој истакна дека пораката од ЕУ не е добра, но дека нема ништо ново во неа“, посочи портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ.

Митева нагласи дека нејзината партија може со јасни дипломатски приоритети и активности да го развиве евроинтеграцискиот пат во согласност со меѓународните стандарди, но на принципиелна основа.

 

Share
Scroll to Top