(Видео) Митева: Неспособноста на СДСМ во општините била на значително високо ниво

пред 3 години

Ниската доверба на граѓаните во градоначалниците на СДСМ се темелела на катастрофалните состојби во општините. Неспособноста на СДСМ во општините била на значително високо ниво, нагласи денеска на прес-конференција, портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

„Еден од примерите кои до сега се евидентирани е случајот во општина Бутел каде 40 луѓе биле на платен список, а истите не оделе на работа ниту ги извршувале своите работни обврски. Задоволување на партиските интереси пред интересите на сите граѓани бил принципот на кој функционирале градоначалниците на СДСМ. Исто така, поголемиот број општини се оставени со огромни долгови, општинските каси се испразнети, а проекти кои би требало да се реализираат речиси и да нема“, вели Митева.

Според неа, градоначалниците на СДСМ срамно ги убедувале граѓаните дека се најдобри, додека реалноста како што истакна е сосема поинаква.

„Безредието и хаосот беа резултатот кој граѓаните го добиваа со најнеспособната локална власт на СДСМ до сега. Ова се европските вредности кои власта на чело со СДСМ се обидува да ги презентира пред граѓаните. Спротивно на вистинските европски вредности, четирите карактеристики на СДСМ се злоупотреба на функциите, недомаќинско работење, стагнација и уназадување“, потенцира Митева.

Додаде дека Заев, премиерот во заминување, ги лажел, како што кажа, граѓаните во предизборието дека може локалната власт да го продолжи својот пат кон европските вредности, за денес да ја манипулира јавноста дека тој е единствениот кој негува европски вредности.

ВМРО-ДПМНЕ ќе го зајакне капацитетот на општините, напомена Митева додавајќи дека истовремено ќе овозможи економско закрепнување и со работа максимално ќе ги имплементира сите иновативни и паметни решенија кои се во согласност со вистинските европски вредности.

Share
Scroll to Top