(Видео) Митрески: Блокадите не се во духот на добрососедството

пред 3 години

Блокадите не се во духот на добрососедството, за идентитетот не се разговара, европската иднина нема алтернатива, изјави Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата на новинарско прашање што доколку се случат најавите на Бугарија за преговорите со ЕУ?

„Ние сме кандидати за членство во ЕУ и заслужуваме преговори, сепак, доколку се случи она што го најавува Република Бугарија тоа не ниту во духот на добрососедските односи ниту е во склоп со европските вредности“, рече Митрески.

Тој кажа дека за македонскиот јазик и идентитет ниту имало, ниту има, ниту ќе има преговори.

„Ако сепак се случи да има блокада од Бугарија ние ќе продолжуваме со реформите, исто така ќе продолжиме да разговараме и бараме решение со силата на аргументите. Нашиот пат е европскиот пат и нашата иднина е во ЕУ. Нема други алтернативи, ние ќе продолжиме да работиме во таа насока постојано“, рече Митрески.

Share
Scroll to Top