(Видео) Николоски: Народот спречи Заев сè да потпише

пред 3 години

„Бидете горди, еден прв мал чекор е направен. Зоран Заев и неговата предавничка екипа беа спремни уште минатата недела да ја распарчат Македонија. Беа спремни уште минатата недела да капитулираат и да потпишат нешто што Македонец не би ни помислил. Поради вас, поради сите кои излегувате на улиците, на македонските градови и села, таков потпис гледате дека нема, се уплашија од народот, се уплашија од македонскиот народ“, изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, од денешниот протест „за оставка на Заев, слобода на народот“.

„Ова е само почетокот, ќе се обидат пак за една недела, за две недели, за еден месец или како што Заев вели, после изборите во Бугарија, кои се во  март ,ќе се обидат пак и затоа треба да сме цврсти, обединети и сплотени, да нè има секаде, да го шириме овој дух и оваа енергија. Да ја чуе секој еден којшто сака да нè слушне. Да допреме до секого. Да го извадиме македонското од сите наши граѓани, заеднички да си ја одбраниме државата.

Затоа што како што рекол славниот водач на Илинденското востание, човекот добредојден во европските дворови, човекот којшто на ВМРО му помогна да има интернационална признатост и познатост Борис Сарафов во едно свое познато интервју ‘Ние не сме ни Грци, ни Бугари, ни Срби, ами просто Македонци’ и затоа треба тој аманет од Борис Сарафов 120 години подоцна заеднички да го одбраниме“, додаде тој.

Според Николоски, Македонија, за жал, утре со Зоран Заев и со најнеспособната Влада во историјата на Македонија, а најпредавничката, ќе го добие кој нае по кој ред „датумот“ за почеток на преговори, односно, за жал, Македонија и утре нема да добие датум за почеток на преговори со Зоран Заев.

„Ако имаат малку доблест, и ако имаат малку достоинство утре треба да поднесат оставка сите од прв до последен, цела влада на чело со Зоран Заев затоа што 4 години го лажат македонскиот народ. И да сме на јасно, точно е дека има голема вина во ова што се случува во непринципиелните барања на нашиот источен сосед Бугарија, ама точни се и уште две работи. Првата е кога сте спремен да ја платите секоја цена, ја плаќате највисоката цена. Видоа нашите соседи дека Зоран Заев е спремен да ја плати секоја цена и решија да добија нешто што нивните претходници политичари не би го ни сонувале, решија да добијат нешто што е повеќе од 150 годишна битка на овие простори. И тука апсолутно одговорноста е кај Зоран Заев, Никола Димитров, Радмила Шекеринска и останатата екипа со нив.

И втората работа Македонија не почна и не почнува преговори со Европската Унија затоа што во Македонија цветат криминалот и корупцијата. Да се вратиме неколку години наназад, во 2017 година Европската Унија побара реформи со цел во јуни 2018 година да се почнат преговори за членство, познатиот фамозен План 3,6,9 според проценките на Зоран Заев и неговата екипа значи сами се оценуваа го реализираа ни пола, односно само 42 проценти“, додаде тој.

Share
Scroll to Top