Германскиот канцелар Олаф Шолц пристигна во еднодневна официјална посета на нашата држава.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Шолц, чиј домаќин ќе му биде премиерот, Димитар Ковачевски, на аеродромот во Скопје беше пречекан министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
Како што информираат од владината прес-служба, во делегацијата на канцеларот Шолц се највисоките државни советници на надворешна и безбедносна политика, за економија и финансии, за европска политика, како и новоизбраниот специјален пратеник на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин.
Канцеларот и неговата делегација на платото пред Владата ќе ги пречека премиерот Ковачевски, со церемонија за пречек со највисоки државни и воени почести.
Во составот на нашата делегација ќе бидат вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерката за одбрана Славјанка Петровска, министерот за локална самоуправа Горан Милевски и министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити.
Според агендата за официјалната посета на канцеларот Шолц, веднаш после церемонијата на пречекот е предвидена тет-а-тет средба со премиерот Ковачевски, по што ќе следува билатералната средба на членовите на двете делегации.
Официјалната посета на Шолц ќе заврши со заедничка прес-конференција со нашиот премиер.