(Видео) 182 санкционирани возачи во Чаир

пред 3 години

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на Чаир изречени се вкупно 182 мерки, меѓу кои 29 за возење без возачка дозвола, 17 за нерегистрирани возила, 7 санкции за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Share
Scroll to Top