Владата дозволи пушење на електронски цигари во затворени простории

пред 2 години

На вчерашната седница Владата го усвои мислењето на Министерството за здравство дека несогорливите тутунски производи и уредите за нивно загревање, односно електронските цигари не спаѓаат под забраната за пушење од Законот за заштита од пушењето.

„Според Министерството за здравство, користењето на несогорливите производи од тутун, уредите за нивно загревање и електронски цигари не претставува пушење и следствено, не потпаѓаат под забраната за пушење од член 3 став 1 од Законот за заштита од пушењето, односно истите може да се користат и во затворениот дел од јавните простории, имајќи ги предвид одредбите од членот 3 став 1 точка 3 од Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи. Ова оттаму што според оваа одредба пушењето е дефинирано како ‘поседување или користење на тутунски производ кој согорува, без оглед дали чадот активно се вдишува или издишува’“, се наведува во соопштението на Министерството.

Share
Scroll to Top