Владата одлучи: Битола, Охрид, Штип, Кавадарци, Тетово и Куманово нови пунктови за масовна вакцинација

пред 3 години

Ќе се отвораат нови центри за вакцинација против Ковид-19 по примерот во Скопје.

На 67-мата седница владата ја разгледа и усвои информацијата за формирање регионални центри за Ковид-19 вакцинација и го задолжи министерството за здравство, во соработка со министерството за образование и наука и општините Битола, Охрид, Штип, Кавадарци, Тетово и Куманово, да го координира спроведувањето на неопходните активности за формирање на пунктовите по примерот на пунктот организиран во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје.

Share
Scroll to Top