Целосна неорганизираност на државата – Во цел свет има недостаток на храна, и двојно повисоки цени, а земјоделците во струмичко нема на кој да ја продадат зелката, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„Цените на ѓубривата се поскапи и за 300%, горивото е поскапо и за 70% во однос на лани, со тоа самото производство на зелка е двојно поскапо, но откупната цена наместо ланската 35 денари е 15 денари.
Што прави Николовски како министер во МЗШВ, и зошто не ги посети државите каде има недостаток од раноградинарски производи? Зошто не направи конекции за македонските трговци и не отвори нови пазари? Или е зафатен со расправии со новинари?
Неприфатливо е во ек на глобална криза за храна, да увезуваме скапа храна ј репроматеријали, а нашата храна да не може да се извезе зошто власта е неспособна.
Николовски исто како што отиде во Србија да договара пченица за реекспорт, да отиде и да договори откуп на зелка и други раноградинарски култури.
Незадоволството кај земјоделците е оправдано, и тие со моменталните политики на владата и нејзината неспособност се доведени до раб на опстанок“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.