ВМРО-ДПМНЕ: Двоцифрената инфлација е заради неспособноста на СДСМ

пред 3 години

Двоцифрената инфлација е заради неспособноста на СДСМ, народот тоне во сиромаштија заради Ковачевски, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„ДЗС објави дека инфлацијата во април е 10.5% во однос на април минатата година. Цените на основните продукти и услуги за една година се зголемени од 10% до над 50%.

Во истиот период нема зголемување ниту на платите, ниту на пензиите. Народот е се посиромашен.

Со лошите економски политики инфлацијата само може да расте. Со оваа влада државата е во опасност од економска катастрофа.

СДСМ и ДУИ се причината за кризите во кои е западната државата и тие не можат да бидат решение.

Потребни се предвремени парламентарни избори. По победата на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија ќе добие одговорна и посветена влада која ќе се насочи на заздравување на економијата“, се наведува во соопштението на опозициската партија.

Share
Scroll to Top