ВМРО-ДПМНЕ: Заев има рок до 14:30 да поднесе оставка, инаку следува интерпелација

пред 3 години

Доколку Заев денеска до 14:30 часот не си поднесе оставка до Собранието, пратениците од новото мнозинство ќе поднесат интерпелација за Владата, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата потсетуваат дека опозицискиот блок го формираат заедно со Алијанса, Алтернатива, БЕСА и Левица.

„Државата нема премиер, сè додека губитникот Заев не си замине од политиката Македонија ќе губи. Колку повеќе се развлекува оставката, толку е полошо за државата“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Share
Scroll to Top