ВМРО-ДПМНЕ: Поради неспособните Филипче и Заев, државата меѓу последните ќе набавува вакцини против корона

пред 3 години

Поради неспособните Филипче и Заев, државата меѓу последните ќе набавува вакцини против корона, што ќе значи повеќе загубени животи, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека сите земји се борат за итна и неодложна набавка на анти корона вакцини, неспособниот Филипче најави дека таквите вакцини би можело да пристигнат дури во март наредната година. Тоа значи изгубено време, а тоа ќе доведе до поголем број загубени животи. Во соседна Србија првите вакцини пристигнуваат. Во соседна Бугарија до Нова Година ќе има вакцини. Во соседна Грција и во Франција вакцинирањето започнува во јануари, додека во Велика Британија веќе тој процес отпочна исто како и во Русија“, велат од партијата.

Филипче, пак, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, последен ќе ја набави вакцината која значи спасување на живот, што значи дека бројката на заразени и починати ќе расте.

„Власта целосно потфрли во справување со корона кризата, 1901 граѓанин ги изгубија своите животи како резултат на неспособноста на Заев и Филипче. Неспособноста, неодговорноста и негрижата на Зоран Заев и Венко Филипче ја носи државата во амбис. Заев и Филпче го урнисаа македонското здравство и ја разнишаа довербата на граѓаните во здравствените установи“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Share
Scroll to Top