ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е најголемиот проблем за корона кризата во земјата, оставка веднаш

пред 4 години

„Без никаков срам СДСМ праќа соопштенија дека виновник за корона кризата во Македонија е ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски кога граѓаните добро знаат дека СДСМ и Филипче се целосно изгубени во справување со ситуацијата. Поради нивната неспобност секојдневно во земјата има над 1000 заразени и над 20-тина почината од Ковид-19“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, високата бројка на заразени и починати од почетокот до денес не значи ништо ниту за СДСМ, ниту за Филипче. Во период кога граѓаните секојдневно гледаат да се заштитат од вирусот за СДСМ и Заев важни се изборите во Штип.

„Здравствениот систем е колабиран, исцрпени се медицински лица, нема соодветна, а нема ниту секаде терапија, граѓани умираат на пат до болница или во ходници.Се почести се апелите за помош и собирање донации, по социјалните мрежи, за своите најблиски да ги лечат во приватните установи. Граѓани се заглавуваат во кредити, за да најдат лек во приватно здравство.Филипче, како министер, не решава проблеми затоа што тој е проблемот. Токму затоа, Филипче веднаш треба да понесе одговорност!Филипче, оставка веднаш“, се вели во соопштението.

Share
Scroll to Top