Венко Филипче и Зоран Заев се разбудија од зимски сон и им текна дека не одело тоа така во кафулиња и ресторани да влегуваат само лица кои се вакцинирани, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Им текна дека мерките не се на место, дека се дискриминаторски и фашизоидни. Тоа им го кажаа и граѓаните излегувајќи на улица, изразувајќи револт. И сега откако стапи на сила тоа што тие си го замислуваа има кафулиња и ресторани кои не работат, секторот трпи, промет нема, луѓето немаат работа.Сликата од првиот ден е, нема јасни насоки за угостителите, угостителите не можат да ангажираат нови лица, веќе вработените што попрво да прават, угостителите немаат контролен механизам да бидат сигурни дека некој од гостите не ги излажал и слично“, посочуваат од партијата на Мицкоски.
„Глупостите на Филипче и Заев не завршуваат, туку комплетно предизвикуваат хаос. На пример, како невакциниран вработен во угостителски објект кој е потенцијален ризик за пренос на ковид-19, а може да ги служи гостите“, додаваат од таму.
„Да смислат мерки кои ќе спречат ширење на корона не ги бива, ама за земање провизии се махери“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.