ВМРО-ДПМНЕ: 41 починат за само еден ден, а Филипче тера Твитер кампања и го брани Заев

пред 3 години

„41 починати од Ковид-19 во само еден ден, а Фичипче наместо да се фати за работа тера кампања на Твитер и го брани Заев во внатрепартиски пресметки. Доколку Филипче сака да го брани квислингот Заев во внатрепартиски пресметки и да си тера твитер кампања тоа може слободно да продолжи да го прави, но треба да си поднесе оставка веднаш. Не може на секој саат да умираат по двајца од Ковид-19, а никој за тоа да не презема одговорност.Нема оправдување затоа што Македонија е на врвот на починати од Ковид-19 во Европа“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, луѓе умираат затоа што системот не функционира, а за тоа е одговорен Филипче. Со денови се чека за тестирање, а потоа уште неколку дена за да се добијат резултати. Болниците се преполни, внатре е хаос и владее неорганизираност.

„Уште владее тагата за изгубениот живот на мајката на малата Михаела, која можеби ќе беше спасена, ако функционираше системот. Но системот не функционира и прашање е колку од овие 41 починати наши сограѓани ја имале истата судбина или можеби и полоша.Граѓаните не го заслужуваат ова. Филипче мора да сфати дека тој е единствен виновник за лошата ситуација и да си даде оставка веднаш. Ниту една лоша шега, ниту видео со папагал нема да го смени фактот дека треба да си замине“, се додава во соопштението.

Share
Scroll to Top