Внимателно возете – има магла на патиштата

пред 3 години

АМСМ информира дека е намалена видливоста поради појава на магла до 50 метри на патниот правец Тетово – Гајре,
и до 100 метри на патните правци Страцин – К.Паланка, Дебар – Струга, Ресен-Буково и на планинскиот превој Ѓавато.
 
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Share
Scroll to Top