Во вечерните часови на 19 април било пријавено дека на локалниот пат меѓу селата Драгоманце и Арбанашко, во атарот на селото Кокино, општина Старо Нагоричане, автомобил „фолксваген голф“ излетал од коловозот.
Како што информираат од МВР, возилото со кумановска регистрација, било управувано од 44-годишниот Д.П. од селото Арбанашко.
На местото на незгодата починал возачот, а смрт констатирал лекар од итната медицинска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.