Вооружени лица ограбиле банка во центарот на Скопје, имало и пукање

пред 3 години

Три вооружени лица одзеле пари од банка на подрачјето на Центар во Скопје, информира полицијата.

Имено денеска во 12.35 часот во полициска станица било пријавено дека од експозитура на банка на подрачје на Центар три лица со закана со оружје од вработените одземале пари, по што во близина на местото на настанот едно од лицата испукало еден куршум.

Повредени лица нема, информираат од МВР.

Додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Share
Scroll to Top