Во Гостивар уапсен скопски дилер со два и пол килограми марихуана

пред 3 години

Попладнево околу 14.30 часот во Гостивар полицијата уапсила 41-годишник од Скопје со иницијали С.З.

При претрес на станот во кој времено престојувал, му биле пронајдени и одземени околу два и пол килограми марихуана.

Против 41-годишниот скопјанец во текот на утрешниот ден ќе биде изготвена пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, со која ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар.

Share
Scroll to Top