Во Хамбург приведен македонски државјанин баран со потерница, осуден на 17 години затвор

пред 4 години

Во Хамбург полициски службеници од Единицата за потраги по лица во Хамбург, Германија во координација со Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР го лишија од слобода македонскиот државјанин К.Д., кој се барал со потерници за издржување на вкупна затворска казна од 17 години.

Тој е осуден за повеќе кривични дела, меѓу кои разбојништво, поголем број тешки кражби, измами и фалсификување на документи и ќе биде спроведен за издржување на затворската казна.

Оваа акција е резултат од успешната соработка на МВР со германската полиција.

Share
Scroll to Top