На 9 октомври, петок, со почеток во 20 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се одржи Гала оперски концерт на кој ќе диригира Иван Еминовиќ, а ќе настапат оперските солисти Дејан Стоев, Ристе Велков, Весна Ѓиновска Илкова, Соња Пендовска Мадевска, Марика Поповиќ, Наде Талевска Спасовска, Павлина Новакова Георгиев, Злата Тошевска, Ана Ројдева, Александра Лазаревска Василев, оркестарот и хорот на Национална опера и балет.
Режисер: Дејан Прошев. Концерт мајстор: Климент Тодороски. Хор мајстори: Јасмина Ѓорѓеска, Ѓургица Дашиќ.
Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска.
Влезот за публика ќе биде отворен еден час пред почетокот на настанот. Билетите во строго ограничен број се пуштени во продажба онлајн на www.karti.com.mk