Казнети 166 возачи во Сарај

пред 3 години

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на Сарај изречени се вкупно 166 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 26, 19 за нерегистрирани возила и 14 санкции за неносење на заштитна маска.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, соопшти МВР.

Share
Scroll to Top