Град Скопје: Главниот град, конечно, ќе добие нов транспортен систем

Град Скопје: Главниот град, конечно, ќе добие нов транспортен систем

пред 6 месеци

По две години отстранување на пречките на проектот предизвикани од претходното градско раководство, градот Скопје конечно ќе добие нов транспортен систем. Системот за брз автобуски превоз доби зелено светло од меѓународните партнери, со што почнува неговата реализација во главниот град, велат од Град Скопје.

„Проектот подразбира изградба на два нови терминала на транспортни центри, обезбедување непречено сообраќање на автобусите, како и набавка на нови еколошки автобуси што користат ЦНГ. Во основниот идеен проект беа истакнати детектираните сериозни пречки за реализација, кои благодарение на посветеноста и работата на градската администрација, се надминати и со нивно отстранување се овозможува непречена реализација на овој проект“, соопштува Град Скопје.

„Град Скопје и покрај сите блокади продолжува со заложбите што ќе им овозможат на граѓаните модерен и навремен јавен градски превоз надминувајќи ги проблемите со кои се соочуваат и ЈСП и граѓаните кога станува збор за градскиот превоз. Во нашите искрени заложби за модерен и еколошки градски превоз нема да нè сопрат ниту блокадите во Советот на Град Скопје ниту структурните проблеми со кои се соочува ЈСП, а се наследени од претходните раководства на претпријатието.

Новите еколошки автобуси и ревидираниот систем значително ќе го намалат сообраќајниот хаос во главниот град и ќе овозможат јавниот превоз да се одвива непречено, а доцнењето да биде минато. Затоа е важно сè што е во интерес на граѓаните да се реализира, а тие да добијат градски превоз како што му прилега на главниот град“, се додава во соопштението на Град Скопје.

Текстот Град Скопје: Главниот град, конечно, ќе добие нов транспортен систем е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top