Груби до Бомгартнер: Напорите на нашата земја заслужуваат награда од Брисел

пред 3 години

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби се сретна со новиот амбасадор на Франција, Сирил Бомгартнер.

На оваа средба, Груби истакна дека Република Северна Македонија во последните години има направено значителен напредок кон воспоставување и почитување на европските вредности и дека земјата ќе продолжи да се движи во иста насока и во иднина.

Исто така, за време на оваа средба беа разгледани и конкретните чекори преземени со цел интензивирање на билатералната соработка меѓу Северна Македонија и Франција и зголемување на економската соработка меѓу нашите две земји.

Груби и Бомгартнер разговараа и за првата меѓувладина конференција со надеж дека истата ќе се одржи во декември, како што беше планирано со Брисел.

Груби, исто така истакна дека сите достигнувања на нашата земја се постигнати во соработка со нашите меѓународни партнери и затоа ја истакна потребата за помош од Европската Унија со цел да се надмине непотребната ситуација создадена со Бугарија.

Граѓаните на нашата земја дадоа големи напори за нашиот заеднички евроатлантски сон и затоа заслужуваат да ја видат и почувствуваат наградата и солидарноста од Европската Унија.

Првиот вицепремиер Груби и францускиот амбасадор Бомгартнер не останаа без да разговараат и за преземените мерки во врска со здравствената и економската криза предизвикана од КОВИД-19, како и за најдобрите начини за закрепнување од оваа ситуација што ги зафати нашите две земји, но и целиот свет.

Share
Scroll to Top