Грција ги отвора границите за Македонците

пред 3 години

Граничниот премин „Евзони“ од денеска се отвора за сите македонски државјани, но за влез потребно ќе биде приложување на негативен ПЦР-тест, писмен доказ за пимени две дози вакцини против коронавирусот или позитивен резултат за антитела.

Оваа информација вчера на својот фејсбук-профил ја соопшти премиерот Зоран Заев кој во Атина учествуваше на Економскиот форум Делфи, каде се сретна со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис кој му ја потврдил одлуката.

Границите на Грција, една година беа затворени за државјани на трети земји, меѓу кои и за македонските граѓани. Одлуката беше воведена лани, за време на првиот карантин во март, а оттогаш се продолжува на секои две седмици. Прекуграничните поминувања беа одобрени само за одредени категории граѓани.

Share
Scroll to Top