Два мотоцикли се судрија во Тетово, пришто со тешки повреди се здобија возачите.
Несреќата се случила вчера попладне на регионалниот пат с.Пирок-Тетово во с.Калник, Тетовско, информираа од полицијата.
Во несреќата учествувале моторцикл „хонда“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од 17 годишник од Скопје и мопед „томос“ без регистарски ознаки, управуван од Џ.Б.(69) од с.Г.Палчиште, тетовско. Двајцата моторциклисти се пренесени во Клиничка болница-Тетово, каде од доктор кај двајцата се констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.