Девојка на електричен тротинет тешко повредена во Скопје

пред 3 години

На крстосницата од скопските улици „Македонско-косовска бригада“ и„Втора македонска бригада“ вчера во попладневните часови се случила сообраќајна незгода во која тешко е повредена 22-годишна девојка на електричен тротинет.

Како што информираат од МВР, во судирот учествувале автомобил „тојота“, управуван од Б.Х. (74) од скопското село Визбегово и електричен тротинет „шаоми“, управуван од 22-годишната Ф.К. од Скопје.

Во незгодата Ф.К. се здобила со тешки повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

На местото на незгодата увид извршила екипа од СВР Скопје.

Share
Scroll to Top