Делови од Скопје без вода

пред 3 години

Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека поради одредени технички зафати и отстранување дефект, без вода ќе бидат делови од Скопје.

Од таму потенцираат дека поради уличен дефект на ф 100 мм на улицата Разловечко востание бр. 26 во населбата Карпош 4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улиците Разловечко востание, Трифун Бузлев, Столе Стојчев, Желево, дел од Волгоградска и дел од улицата Вич.

Прекинот со вода ќе биде од 9 часот до санирање на дефектот, информираат од ова институција.

Share
Scroll to Top