Пендаровски: Не смееме да потфрлиме во заштитата на работниците во време на коронавирус

пред 3 години

Мораме да бидеме свесни дека сосема независно од кризата, не смееме да потфрлиме во заштитата на работничките и работниците во услови на нивна изложеност и ризик на работните места, истакна претседателот Стево Пендаровски кој денеска во Штип, присуствуваше и се обрати на Текстилијада, којашто се одржува по четврти пат, во организација на Здружението на граѓани на текстилните, кожарските и чевларските работници „Гласен Текстилец“.

Пендаровски посочи дека пандемијата особено негативно се одразила на преработувачката индустрија, како што се текстилната и кожарската, каде се бележи значаен пад на бројот на ангажирани работници, но, и не мали регистрирани прекршувања на работничките права.

„Оваа индустрија, во која над 80% од вработените се жени, за жал и покрај израмнувањето на минималната плата со останатите индустрии, сѐ уште важи како една од индустриите каде што, споредбено со другите гранки, работничките и работниците примаат пониски плати и се соочуваат со потешки услови за работа. Во време на пандемија овие предизвици се уште повеќе нагласени и затоа потребата да се отворат и дискутираат овие важни аспекти во јавноста и да се предлагаат решенија за подобрување на состојбите е дотолку поголема“, рече Пендаровски.

Тој порача дека е важно е да продолжат заложбите и барањата за отчетност на институциите во справувањето со флагрантните кршења на Законот за работни односи. Потребно е да се алармира и да се спречува родово базираната дискриминација на работното место.

Во таа насока, како што исракна претседателот, потребна е соработка меѓу државата, бизнисот и граѓанскиот сектор, со цел, секогаш кога ќе се појават прашања кои се релевантни за работничкиот корпус на права, да има дебата и да се понудат решенија кои не смеат да бидат на штета на работникот.

 

Share
Scroll to Top