ДУИ: Коалицијата ВМРО, Левица, Алијанса и Беса ја суспендираа двојазичноста во Скопје

пред 3 години

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбер Адеми истакна дека Алијанса за Албанците и Движењето Беса докажуваат политичка незрелост и го прекршуваат Законот за употреба на јазиците за да поттикнат тензии.

„ Албанскиот јазик во Република Северна Македонија е официјален јазик во согласност со Охридскиот договор и Уставот на државата. За тоа како би изгледало едно владеење на коалицијата ЛЕВИЦА, составена од ВМРО, Алијанса, Левица и Беса најдобро се демонстрира со незаконското отстранување на употребата на Албанскиот јазик во Културно-Информативниот Центар, институција во рамките на Град Скопје. Овој чин на директорот на Културно-Информативниот Центар на коалицијата ВМРО, Левица, Алијанса и Беса предизвика многу реакции бидејќи со овој потег партнерите на коалицијата Алијанса за Албанците и Движењето Беса докажуваат политичка незрелост од една страна и од друга страна го прекршуваат Законот за употреба на јазиците кој е веќе во сила, со цел да ги поттикнат меѓуетничките тензии во време кога целиот континент страда поради војната во Украина. Ова може да биде само сценарио кое оди во прилог на Русија, како што беше и сценариото на мнозинството 61“ изјави Адеми на денешната прес-конференција.

Тој нагласи дека Скопје е двојазичен и мултиетнички град, но дека Коалицијата ВМРО, Левица, Алијанса и Беса намерно поттикнувале беззаконие, тензии и омраза.

„ Коалицијата ВМРО, Левица, Алијанса и Беса ја замени Сермине Пурини со Ангел Димитров, го замени Ардијан Муча со Ангеле Сотировски. Коалицијата ВМРО, Левица, Алијанса и Беса ја суспендираа двојазичноста. Коалицијата ВМРО, Левица, Алијанса и Беса и се враќа на изградбата на крстови и на Скопје 2014, наместо да гради училишта, болници, патишта. Коалицијата ВМРО, Левица, Алијанса и Беса поттикнува штрајкови и ги остава на цедило децата и родителите за време на најтешката економска криза во континентот и по двегодишна пандемична изолација. Коалицијата ВМРО, Левица, Алијанса и Беса исто така избркаа десетици Албанци од претпријатијата на Градот Скопје“ додаде Адеми.

Тој им порача на Албанците и на сите други дека не треба да се чувствуваат загрижени, бидејќи тука е ДУИ и нема да дозволеле, како што ги нарече, неспособни и квинслишки авантуристи да им наштетат на достигнувањата на Албанците.

Share
Scroll to Top